Баерн останува без првата ѕвезда во тимот: Левандовски побарал трансфер во Барселона

Најдобриот напаѓач на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, решил кариерата да ја продолжи во Барселона. Првата ѕвезда на „баварците“ има договор со Баерн до јуни 2023 година. Барем засега клубот нема започнато преговори за нова соработка, бидејќи фудбалерот покажува интерес да ја промени средината.

Полјакот наводно сака да си замине од Баерн со цел да пронајде нов предизвик во кариерата. Фудбалерот на 33 години е веќе докажан во дресот на тимот од Минхен и Бундеслигата. Еден од водечките спортски медиуми во шпанската покраина Каталонија, „Спорт“, утрово објави сензационална информација. Овој медиум тврди дека Роберт Левендовски, решил кариерата да ја продолжи во Барселона.

„Левандовски го притиска својот менаџер, Пини Захави, да ги започне преговорите со Барселона и Џоан Лапорта“, пишува ‘Спорт’.

 

 

 

Се вчитува...