Баерн по примерот на Оденсе – Реал само еднаш прокоцкал ваква предност

Реал Мадрид со предност од 2-1 ќе влезе во денешниот реванш против Баерн Минхен, а „кралевите“ во прилог ја имаат традицијата која вели дека досега во клупската историја само еднаш биле елиминирани од европските натпреварувања откако во првиот меч славеше на гостински теерен.

Данскиот Оденсе е единствениот тим во Европа што може да се пофали дека го елиминирал големиот Реал во ваква ситуацција, во осминафиналето од сезоната 1994/95. Тогаш Реал славеше со 2-3 во Данска, за Оденсе по продолженија од два пати по 15 минути да стигне до победа од 0-2 и да се пласира во четвртфиналето.

Проблем за Баерн претставува неефикасноста на нивните клучни играчи против „кралевите“, па така Левандовски во кариерата има само еден гол на „Сантијаго Бернабеу“, додека Томас Милер нема постигнато ниту еден погодок кога се среќавал со најтрофејниот европски клуб.

Јасно е, Баерн ќе мора да постигне најмалку два гола за да има шанси за место во финалето, баварците на последните четири гостувања во ЛШ имаа вкупно 15 погодоци, но за успех во Мадрид неопходно ќе биде да се разбудат и Милер и Левандовски, особено во ситуација кога во тимот ќе го нема Арјен Робен.

Се вчитува...