Баерн понуди, Манчестер Сити се навреди

Баерн Минхен постигна договор со Лирој Сане за петгодишна соработка со германскиот репрезентативец, но потешкиот дел од задачата ќе биде да се убеди Манчестер Сити на продажба на брзоногиот крилен офанзивец.

Преговорите тргнаа катастрофално, откако англискиот шампион се навреди од почетната понуда на баварскиот гигант, што Сити ја смета деградирачка за играч со квалитетите на Сане. Поточно, Баерн Минхен понуди 40 милиони евра, сума што е за еден милион пониска од она што Сити го плати на Шалке уште пред овој фудбалер да стане дел од самата светска елита. „Граѓаните“ експресно ја отфрлиле понудата, но и најавиле дека преговорите отсега ќе одат уште потешко.

Се најавува дека Сити сега ќе инсистира на отштета од 100 милиони евра, па останува да се види дали клубовите ќе успеат да се најдат „на средина“, па за сума од околу 70 милиони евра да го комплетираат овој мегатрансфер.

Се вчитува...