Баерн ремизираше со Ајакс, само поради тоа што негов играч се посрамоти „не сакајќи“ да даде гол (ВИДЕО)

Баерн Минхен ремизираше (2-2) со Ајакс на стартот на „Ауди куп“ кој традиционално пред стартот на новата сезона се игра на „Алијанц арената“ во Минхен.

Ајакс поведе со голот на Лабјад уште во 10. минута, за да Чупо-Мотинг израмни на 1-1.

Во второто полувреме Баерн поведе со голот на Нианзу во 48. минута, но Ајакс израмни преку Јенсен во 50. минута.

Сепак, во центарот на вниманието на натпреварот беше младиот играч на германскиот клуб Џошуа Зиркзе кој во првото полувреме се посрамоти поради ноншалантниот однос на терен. Откако го мина и голманот на Ајакс тргна сам кон празната мрежа, сакаше со топка да влезе во голот но го спречи еден противнички играч…

Се вчитува...