Баерн рутински победи, Левандовски со убав гест кон Кутињо

Баерн немаше проблеми да стигне до победата против Келн (4-0), што ќе остане запаметена по првиот бундеслигашки погодок за Филипе Кутињо по трансферот од Бразилецот од редовите на Барселона. Екс-фудбалерот на Ливерпул во првиот дел ја погоди гредата од слободен удар, а во второто полувреме по досудениот пенал за Баерн му беше овозможено тој да го изведе ударот од белата точка и да го совлада гостинскиот голман.

Роберт Левандовски е вообичаено изведувач на овие удари, Полјакот веќе имаше два гола и беше на чекор до хет-трик, но овојпат му ја препушти „честа“ на новиот соиграч. Конечните 4-0 ги постави Перишиќ со гол во 72. минута од мечот.

Баер Леверкузен уште во првото полувреме си ја заврши работата против Унион Берлин (2-0) со головите на Фоланд и на Аларио. Херта стигна до првата овосезонска победа триумфирајќи со 2-1 над Падерборн, додека дуелот меѓу Фрајбург и Аугсбург заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...