Баерн се мачеше, па Нено влезе во серија асистенции за водство во серијата против Бон

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Баерн Минхен поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од германскиот шампионат, откако денеска потешко од очекуваното славеа на домашен терен против Бон со 83-78.

Баварците лошо го отворија натпреварот и повеќе од 30 минути не успеаја да ја пронајдат својата игра. На стартот на последниот период имаа и двоцифрена негатива (50-60), но со фуриозни последни пет минути успеаја да стигнат до целосен пресврт и конечен триумф од 83-78.

Нашиот репрезентативец беше најдобар проигрувач во својот тим завршувајќи го мечот со дури 14 асистенции, а постигна и десет поени.

Се вчитува...