Баерн се подготвува: Ѕвездата на Челси како замена за Левандовски

Челниците на Баерн Минхен како полека да се помируват со фактот дека ќе останат без услугите на Роберт Левандовски, кој вчера најави дека тешко ќе го носи дресот на „Баварците“ и идната сезона.

Но, од таборот на најтрофејниот германски тим не седат со скрстени раце. Веднаш се пуштија во барање на негова замена, а сега најновите информации велат дека „мета“ е Ромело Лукаку, напаѓачот на Челси.

Сепак, треба да се има во предвид дека Лукаку по секоја цена сака да се врати во Интер, и мисијата на Баерн ќе биде многу тешка. Италијанските медиуми, пак, велат дека Лукаку ќе се врати на „Сан Сиро“, со тоа што Интер е подготвен да го испрати Лаутаро Мартинез во Лондон, и потоа на негово место да го донесе бесплатниот Паоло Дибала.

Се вчитува...