Баерн се провлече против Локомотив Москва, Интер повторно не победи (ВИДЕО)

Актуелниот европски шампион Баерн Минхен потешко од очекуваното стигна до триумф на гостувањето кај Локомотив Москва од 1-2. Баварците во првото полувреме беа подобар противник, а до водство стигнаа преку Леон Горецка уште во 13. минута. До крајот на првиот дел не успеаја да го загрозат голот на домашниот голман, па на семафорот остана 0-1.

Во вториот дел Русите заиграа далеку над очекувањата, а одличната игра ја материјализираа во 70. минута преку Миранчук. Сепак, германскиот тим уште еднаш покажа зошто е актуелен шампион и преку Џошуа Кимих во 79. минута стигна до нови три бода.

Интер продолжува со бледите партии во новото издание на Лигата на шампионите. По ремито на домашен терен со Борусија Менхенгладбах, денеска „нероаѕурите“ ремизираа и на гостувањето кај Шахтјор Доњецк. Интер имаше неколку убави шанси. За обележување е пречката на Ромелу Лукаку од слободен на крајот на првото полувреме, како и недосудениот пенал во второто полувреме.

 

 

Се вчитува...