Баерн се распука, даде 12 гола во Купот на Германија

Баерн Минхен преубедливо ја мина пречката наречена Бремер на стартот од натпреварувањето во Купот на Германија, декласирајќи го овој петтолигашки противник со 0-12.

Тренерот Нагелсман на овој меч ги одмори Роберт Левандовски и уште неколку првотимци, но оние кои се појавија на теренот делуваа максимално мотивирано, полнејќи ја до врвот мрежата на домашниот состав.

Чупо Мотинг беше во главна улога постигнувајќи хет-трик уште во првото полувреме и завршувајќи го мечот со вкупно четири погодоци. Мусиала беше стрелец на два гола за Баерн, а по еднаш прецизни беа Ворм, Тилман, Сане, Куизанс, Сар и Толисо.

Се вчитува...