Баерн се разбуди, па го победи Челси

Баерн Минхен конечно влезе во посакуваниот ритам на турнејата во Азија, па по ремито со Арсенал и убедливиот пораз од Милан баварскиот гигант попладнево во Сингапур го совлада Челси со 3-2.

Карло Анчелоти направи неколку промени во стартниот тим, па баварскиот гигант во импресивното прво полувреме набрзина поведе со убедливи 3-0. Рафиња го отвори резултатот на асистенција на Рибери веќе во 6. минута, а веднаш потоа на сцена стапи Томас Милер, кој постигна два гола за Баерн. Алонсо намали на 3-1 пред крајот на првото полувреме, за Челси во вториот дел да стигне само до 3-2 со погодокот на Батшуаи.

All Goals & GOAL HD – Chelsea 2-3 Bayern Munich… by juniorrosenfeld

Се вчитува...