Баерн слави нова титула – Левандовски го реши и Вердер

Роберт Левандовски беше човек на одлука и на вечерашниот дуел меѓу Вердер и Баерн, на кој полскиот голгетер стрелаше прецизно за победа на гостите од 0-1 и ја осигура новата шампионска титула на баварскиот гигант. Баварците ја продолжија доминацијата на германската фудбалска сцена, надминувајќи ја кризата под водство на Нико Ковач, па со Ханси Флик на клупата обезбедија недостижна предност на две кола до крајот на сезоната.

За Левандовски ова беше 31. погодок во Бундес-лигата, вкупно 45. во сите натпреварувања, во најуспешната досега голгетерска сезона на полскиот ас.  Дејвис доби црвен картон во 81. минута, Баерн се повлече во финишот, а во последната минута на сцена стапи Мануел Нојер, кој со одлична интервенција ја сочува победа и стави печат на новиот шампионски трофеј.

Борусија Менхенгладбах направи голем чекор напред кон место во ЛШ со победата од 3-0 над Волфсбург, Унион Берлин побегна од дното на табелата со победата над Падерборн, додека Фрајбург славеше со 2-1 над Херта.

 

Се вчитува...