Баерн со четири гола во вториот дел ја „скрши“ Херта

Баерн Минхен ја запиша и четвртата едноподруго победа во Бундеслигата, триумфирајќи со 0-4 на гостувањето против Херта во 18. коло.

Баварците до триумфот дојдоа во второто полувреме, со головите на Милер во 60. минута, Левандовски во 73. минута, Алкантара во 75. минута, и Перишиќ во 84. минута.

Со оваа победа Баерн Минхен, со 36 бода, се врати на четири бода заостанување зад лидерот Лајпциг по 18 одиграни натпревари.

Се вчитува...