Баерн со ново засилување од 10 милиони евра

Филипе Кутињо нема да биде последно засилување на Баерн Минхен за летниот преоден рок откако германскиот првак го договори и пристигнувањето на 20-годишниот Микаел Куизанс. Станува збор за француски играч за врска кој настапуваше за Борусија Менхенгладбах, а за чии услуги Баерн ќе плати 10 милиони евра.

Куизанс пред две години имаше одлична дебитантска сезона во Бундес-лигата по трансферот од Нанси, постигнувајќи и пет погодоци. Минатата сезона неговата минутажа значително се намали и Французинот беше стартер на само еден меч за Борусија, но тренерот Нико Ковач дефинитивно верува дека може да го извлече максимумот од овој талентиран фудбалер, па реши да го донесе во Баерн.

Што се однесува до Кутињо, за утре е најавено неговото пристигнување во Минхен, а доколку лекарските прегледи минат без проблем официјалната промоција ќе биде закажана за понеделник.

Се вчитува...