Баерн со празни раце – Хадсон Одои останува во Челси

Калум Хадсон Одои ќе остане во Челси до крајот на сезонава, откако пропаднаа преговорите за преселба на крилниот офанзивец во редовите на Баерн Минхен.

Баварскиот гигант беше загреан за младиот Англичанец уште минатото лето, кога тој во последен момент се премисли и реши да потпише нов договор со Челси. Хадсон Одои не беше најстандарден во лондонскиот клуб, па Баерн испрати понуда за едногодишна позајмица со клаузула за откуп, но челниците на Челси не беа заинтересирани за ваква опција.

Попладнево претставниците на двата клуба објавија дека преговорите се завршиле неуспешно и нема да продолжат до крајот на преодниот рок, откако и Хадсон Одои се согласил да остане и да се бори за првотимски статус во Челси, нешто што ќе му биде исклучително тешко во ситуација кога по повреди се враќаат и Пулишиќ и Зијеш.

Се вчитува...