Баерн стравува дека ќе остане без Нојер и Сане на мечот со Арсенал

Баерн Минхен ја загуби титулата во Германија, остана без Купот, а единствена шанса му е Лигата на шампионите. Таму во 1/4 финалето ќе се сретне до Арсенал. Првиот меч е во Лондон за пет дена, а во таборот на „Баварците“ стравуваат дека ќе мора да играат без двајца клучни играчи.

Станува збор за голманот и капитен Мануел Нојер, и за Лерој Сане.

Нојер требаше да се врати викендов на натпреварот со Хеденхајм, меѓутоа веројатно тоа нема да се случи, со оглед дека не го издржал последниот тренинг на „Баварците“, и ќе мора да паузира. Уште полоша е ситуацијата со Сане, кој и натаму не е подготвен да се стави на располагање.

Германските медиуми пишуваат дека ако за Нојер има некои шанси да се врати на голот, за Сане шансите се многу помали, односно минимални да биде на располагање на Томас Тухел на гостувањето во Лондон.

Се вчитува...