Баерн убедлив, рекорд на Кејн од кој боли глава

Баерн Минхен го декласираше тимот на Унион Берлин со 7-0 потврдувајќи ја извонредната форма на стартот од сезонава, меч што ќе остане запаметен по фантастичниот рекорд на Хари Кејн.

Англискиот ас во првото полувреме од пенал зголеми на 2-0, што беше негов јубилеен 100. погодок во Бундес-лигата во дресот на Баерн. За рекордот да е уште поимпресивен, Кејн стигна до него за само 98 натпревар, со просек од повеќе од еден гол по меч.

Само за споредба, претходно најбрз до 100 гола во Бундес-лигата беше Дитер Милер, кој стигна до рекордот за 129 одиграни натпревари.

Навивачите на „Алијанц Арена“ можеа да уживаат во вистинско гол-шоу што со прекрасен погодок го отвори Мусиала, а по пеналот на Кејн меѓу стрелците се запиша и Олисе со хет-трик, како и Кејн со втор погодок и Саибари.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...