Монако ќе ја мине ноќта осамен на врвот на Лига 1 откако „кнезовите“ по голема борба стигнаа до триумф над вицешампионот Ленс од 2-1.
„Кнезовите“ играат во одлична форма под водство на новиот тренер Филипе Луис, па по скалпот на шампионот ПСЖ сега успеаја да го совладаат и актуелниот вицепрвак Ленс.
Брумер го продолжи своето голгетерско шоу со погодок за 1-0, но гостите израмнија на почетокот од второто полувреме преку Удол. И кога се чинеше дека ова дерби на колото ќе заврши без победник Монако имаше и доста среќа, откако гостинскиот дефанзивец Гради со несмасна интервенција со глава ја смести топката во сопствената мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
