Карик: Се уште сум вистинскиот човек за Манчестер јунајтед

Мајкл Карик ги отфрли шпекулаците дека се наоѓа блиску до отказ откако стратегот на Манчестер јунајтед истакна дека се уште ја чувствува поддршката од раководството на клубот за да ја продолжи својата авантура на „Олд Трафорд“.

Карик одлично ја финишираше ланската сезона и го одведе Јунајтед до билет за ЛШ, летово доби перманентен договор, но ситуацијата драстично се промени по слабиот старт на новата сезона.

„Она што се пишува не е релевантно за мене. Фокусиран сум на работата, знам колку е важен овој клуб, што се очекува од секој натпревар на Манчестер јунајтед. Се ми е јасно, но тоа не значи дека ми се ближи крајот. Мотивиран сум, верувам дека се уште сум вистинскиот човек за предводник на овој клуб и знам дека и челниците го мислат истото. Живееме во свет на експресни реакции, на осуди од сите страни, знам дека тоа е така во овој свет. Но, не дозволувам да допре до мене. Загубивме неколку натпревари, но тоа беа мечеви во кои имавме игра, креиравме шанси и лесно можевме и да ги добиеме. Ако ви треба виновник, тука сум, слободно обвинувајте ме мене, но јас останувам посветен на оваа работа како и првиот ден кога пристигнав“, порача стратегот на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...