Челси во петтото коло го претрпе и вториот пораз во Премиер-лигата откако тимот на Чаби Алонсо загуби на гостувањето против Брентфорд со 3-0. Неиграњето на Жоао Педро се покажа како значаен фактор, без Бразилецот нападот на „сините“ предводен од Велбек делуваше безидејно и безопасно.
На спротивната страна, одбраната на Челси се соочуваше со истите проблеми како од самиот старт на сезоната. Брентфорд не се бранеше, играше храбро и беше награден за таквиот пристап, најпрвин Антони се најде на вистинското место по еден корнер за 1-0, пред Тијаго да зголеми на 2-0.
Нокаутот на фаворитот беше комплетиран во 95. минута, кога Карваљо се најде на вистинското м ја смести топката во мрежата на Емиилијано Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
