Светот на фудбалот е запрен, но тоа не ги спречува клупските челници да преговараат со потенцијалните засилувања за наредната натпреварувачка сезона. Баерн Минхен уште од минатото лето се обидува да го доведе Лирој Сане, тогаш не успеа да се договори со Манчестер Сити, но германскиот првак се надева дека многу поголем успех во преговорите ќе има во 2020 година.
Весникот „Билд“ тврди дека директорот Хасан Салихамиџиќ во текот на минатата седмица во Минхен се сретнат со агентот на Сане, средба што двете страни ја оцениле како крајно позитивна. Крилниот офанзивец не крие дека сака да се врати во Бундес-лигата, но проблем претставуваше огромната отштета од 100 милиони евра што ја бараше Манчестер Сити.
Во меѓувреме Сане заработи тешка повреда на коленото, а Сити доби казна за неучество во европските купови, што ќе влијае цената на Германецот да падне, па во Баерн се оптимисти дека со понуда од 70 милиони евра би можеле да го осигураат потписот на овој одличен фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА