Откако стана јасно дека Чаби Алонсо ќе остане во Баер Леверкузен, Ханс Флик дека ќе замине во Барселона, Баерн Минхен ја продолжува потрагата по нов шеф на стручниот штаб за идната сезона. Преговорите тешко одат и со Роберто Де Зерби, за Зинедин Зидан се воспостави дека тоа било само шпекулација, па така Баерн сега ја исправа грешката.
Јулијан Нагелсман повторно е опција за Баерн Минхен. Тренерот кој пред една година беше избркан од таборот на „Баварците“, а сега актуелен селектор, би можел да се врати во тимот од Минхен.
Ова доаѓа по веста дека Нагелсман би можел да го продолжи договорот со Германија, а исто така имаше шпекулација дека и Борусија Дортмунд е во „лов“ на актуелниот германски селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА