Баерн во војна: Ако брани Тер Штеген, нема да ги пуштаме играчите во репрезентација

Војната во германската репрезентација околу првотимското место на Мануел Нојер или Марк Андре Тер Штеген кулминираше откако управата на Баерн Минхен се закани дека нема да ги пушта своите фудбалери во националниот тим доколку Нојер го загуби првотимскиот статус.

„Како би реагирале ако Тер Штеген го замени Нојер? Ако тоа се случи, нема да му дозволиме на ниту еден фудбалер да игра за репрезентацијата“ – се закани Ули Хенес преку изјава за „Спорт1“.

Правилата се јасни, клубот за официјални натпревари нема право да ги блокира настапите на репрезентативците, па демонстрацијата на сила на Хенес е неоснована. Како и да е, повеќе од јасно е дека честото препукување ќе ја наруши атмосферата во националниот тим, чии резултати во последно време се далеку од посакуваните.

Се вчитува...