Баерн води: Чупо Мотинг ги казни промашувањата на Нејмар

Баерн Минхен има водство од 0-1 по првото полувреме на гостувањето против ПСЖ, благодарение на погодокот што пред крајот на полувремето го постигна Чупо Мотинг. Камерунецот се најде на вистинско место по одбиената топка по шутот на Милер, од непосредна близина со глава сместувајќи ја во мрежата на Кејлор Навас.

Овој гол е казна за бројните промашувања на ПСЖ, конкретно на Бразилецот Нејмар. Тој најпрвин не се снајде по одличното додавање на Мбапе, потоа не реализираше и контранапад, за во третата шанса со прецизен удар да го матира Нојер, но топката заврши во гредата.

Нејмар потоа имаше уште една шанса, повторно го погоди дирекот од голот на Баерн, по што следеше водечкиот погодок на Чупо Мотинг на спротивната страна.

Се вчитува...