Баерн за 45 минути во Рим си заврши работа за пласман во четвртфинале во ЛШ (ВИДЕО)

Баерн Минхен убедливо со 0-3 води на Олимпико против Лацио по првото полувреме во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Се почна со голот на Левандовски во деветтата минута по големата грешка на Мусакио.

Потоа и Мусиала во 24. минута зголеми со 2-0, а Сане во 42. минута го докрајчи Лацио, кој уште од сега може да се откаже од четвртфиналето во Лигата на шампионите.



На дуелот во Мадрид, Атлетико и Челси по првото полувреме играат без голови.

Се вчитува...