Бајден со порака до Путин и Русија: Грајнер итно да биде ослободена!?

Претседателот на САД, Џозеф Бајден јавно проговори за пресудата на рускиот суд против кошаркарката Бритни Грајнер, па истата ја оцени како неприфатлива и ја повика Москва веднаш да ја ослободи.

Грајнер пред неколку дена беше осудена на девет години затвор од рускиот суд за поседување и шверц на дрога.

„Оваа одлука е неприфатлива и ја повикувам Русија веднаш да ја ослободи девојката, за да може да биде со сопругот, најблиските, пријателите и соиграчите“, рече Бајден.

Адвокатите на двократниот олимписки освојувач на златен медал веднаш по пресудата најавија дека ќе поднесат жалба.

Се вчитува...