Бајиќ и Игокеа не го даваат Лакташи – „мајсторка“ во Белград ќе го одлучува финалистот на АБА! (ФОТО)

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ и неговата Икогеа во вториот полуфинален натпревар во АБА лигата славеа со 81-68 против Црвена Звезда со што ја изедначија серијата на 1-1.

Игокеа одигра одличен дефанзивен натпревар во кој успеа да ги лимитира Џордан Лојд и Кори Волден на само 13 постигнати поени, притоа „Игоси“ одиграа и одлично во нападот со што постојано ја одржуваа двоцифрената предност стекната во првата четвртина и закажаа „мајсторка“ во Белград.

Се вчитува...