Од огромни очекувања откако пристигна од Фиорентина за 80 милиони евра, до растечко разочарување кај фановите на „Старата Дама“. Ова е анизата за Душан Влаховиќ на „Тутоспорт“. Србинот сега го напушта клубот како слободен агент, и заминува во друга средина.
Влаховиќ пред четири години пристигна како огромно засилување. Тој е вториот најскап трансфер во историјата на клубот после Кристијано Роналдо, но ниту одблиску не беше како Португалецот.
Јувентус го плати 70 милиони евра, плус 11,6 милиони во солидарни придонеси, а потоа и дополнителни трошоци 10 милиони евра. Вкупни 91,6 милиони само трансферот. Вклучувајќи ја и платата, тој ги чини „бјанконерите“ цели 150 милиони евра.
Но, Тутоспорт нагласува дека на некој начин и клубот е самиот виновен. Јувентус никогаш не му донесе сериозна алтернатива, па така Србинот секогаш беше под притисок како најдобриот голгетер, но на теренот никогаш не го покажуваше тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
