Бајлс: Тешко е да се биде спортист, многу луѓе посакуваат пад на вашата форма

Симон Бајлс ја прекина тишината откако одлучи да се откаже од финалето на Олимпијадата во Токио 2020 година, па сега реши да ја објасни причината за нејзината одлука, како и побара од луѓето да дадат приоритет на своето ментално здравје.

Најдобрата гимнастичарка, искрено се отвори пред јавноста, па кажа дека денес е тешко да се биде врвен спортист.

„Тешко е да бидете спортист, но уште по тешко е да се биде спортистка затоа што сите се молат за вашиот пад и неуспех, па посакуваат уништување на спортската кариера. Тоа што ние го правиме не е лесно, и тоа не можат да го нарпават сите. Сепак, на крајот од денот, ние не сме само спортисти или аниматори на забава, туку првенствено сме луѓе, а секое човечко битие има емоција и ментално здравје кое треба да се негува“, изјави Бајлс.

Билс заврши со емотивна порака која ја испрати до сите луѓе.

„Ставете го вашете ментално здравје на прво место. Не е важен успехот во вашата кариера, здравјето е најважниот медал од било што друго во вашиот живот“, заклучи Бајлс.

 

 

 

Се вчитува...