Бајрами: Добредојдена победа со Беласица, сега целиот фокус е на Нефчи

Тренерот на Шкупи, Мухарем Бајрами сосема очекувано не го крие задоволството од новата победа на неговиот тим, овој пат на гостувањето против Беласица во Струмица.

Чаирчани со два гола во судиското продолжение дојдоа до триумфот, но тоа е најмалку важно кога се бодовите во прашање.

„Сакам да им честитам на фудбалерите за победата, затоа што мора да се знае дека не е лесно да се добие ниту еден противник, посебно на гостински терен. Во првото полувреме имавме неколку одлични шанси но не успеавме да постигнеме гол, сепак заслужената победа пристигна на крајот. Задоволни сме од освоените бодови, а сега целата концентрација ја насочуваме кон натпреварот од Лигата на Европа против Нефчи. Почнуваме со подготовки од денеска затоа што сакаме квалитетно издание во Баку“ – вели Бајрами.

Шкупи натпреварот од 1. квалификациско коло во Лигата на Европа против Нефчи во Баку, Азербејџан, го игра на 27. август.

Се вчитува...