Капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами не го крие задоволството од триумфот против Вардар во 14. коло од шампионатот на Македонија.
Шкупи има старт на сезоната далеку под очекувањата, па затоа овој триумф беше повеќе од неопходен за тимот на Умут Каран.
„Навистина ни беше повеќе од неопходна една ваква победа токму против Вардар. Сето ова сега носи дополнителен мотив кај сите нас пред продолжението од сезоната и значително подобрување на атмосферата. Им благодарам на навивачите за големата поддршка и може да кажам дека оваа победа ја посветуваме на досегашниот капитен Суад Зендели кој официјално стави точка на кариерата. Сигурно на сите во тимот ни беше чест што беше предводник на сите нас изминативе години, а младите имаа од кого да учат“ – истакна Бајрами по вчерашниот дуел со Вардар на кој Шкупи славеше со 1-0 со погодокот на бразилскиот интернационалец Сержињо во второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА