Бајрами и Џангаровски ќе ја водат Македонија ЃП

Александар Таневски вчера поднесе оставка од местото шеф на стручен штаб на Македонија ЃП. По поразот од Брегалница, Таневски се реши да го напушти кормилото, а јасно е кој ќе ја води екипата, најмалку на следниот натпревар со Академија Пандев во Купот.

Раководството на клубот се реши да им ја даде довербата на Муарем Бајрами и на Тони Џангаровски. Добро ја познаваат екипата со оглед дека му беа асистенти на Таневски на клупата на тимот од Ѓорче Петров.

Двајцата ќе ја водат екипата и во среда на Куп дуелот со Академија Пандев, а можеби и понатаму, во зависност од тоа како ќе оди резултатски и како ќе се движи потрагата по нов „шеф“.

„Лавовите“ се пет натпревари во серија без победа во ПМФЛ.

Се вчитува...