Бајрами: Оваа победа е за навивачите кои долго чекаа наш триумф над Шкендија

Капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами е творецот на големата победа на чаирчани против лидерот Шкендија во 22. коло од шампионатот на Македонија.

Бајрами од пенал го донесе триумфот од 1-0, што значеше прекин на серијата од шест едноподруго порази за Шкупи во пресметките со тетовци.

„Огромно е задоволството по оваа победа која им ја посветуваме на навивачите, затоа што долго време чекаа во Скопје да славиме против Шкендија. Стигнавме до заслужена победа. Во првото полувреме имавме уште две одлични шанси и порано да го отвориме резултатот, но ете дојде по пеналот. Среќни сме со формата која ја демонстрираме, три победи во низа, и да биде искрено посакуваме истото да продолжи“ – вели Бајрами.

А, во следното коло, на 16. март во Маџари, Шкупи ќе го гостува на Вардар…

„Одиме од натпревар на натпревар, па така и за Вардар ќе се подготвуваме како и за секој друг меч. Верувам дека и на тој натпревар ќе го демонстрираме вистинското лице како продолжение на овие три претходни дуели“ – истакнува Бајрами.

Се вчитува...