Бајрами: Помотивирани сме од Вардар, ќе сториме се за победа

Капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами, е оптимист дека неговиот тим ќе успее да слави на утрешниот дерби дуел со Вардар, со што клубот од Чаир ќе направи уште еден чекор напред кон обезбедување на место во европските купови за наредната сезона.

„Утрешниот натпревар е многу важен за нас, но не и за ардар бидејќи знаеме дека Вардар веќе го осигура второто место на табелата и ќе игра во Лигата на Европа. Ние имаме пред себе зацртани цели, има пет кола до крајот на првенството, ќе сториме се за да останеме на четвртото место на табелата, со надеж дека Академија Пандев ќе го освои Купот на Македонија. Дуелот со Вардар е големо градско дерби, мотив сам по себе за сите фудбалери, но и знаеме колку е важен за нашите навивачи „Шверцери“. Ќе сториме се за да стигнеме до победата и да останеме во игра за Лигата на Европа“ – изјави Бајрами за клупската веб-страница.

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар се игра утре со почеток во 16 часот, а главен судија е Димитар Мечкаровски од Скопје.

Се вчитува...