Бајрами: Против Победа мора да корегираме некои недостатоци во играта

Капитенот на Шкупи, Муарем Бајрами е задоволен од изданието на тимот во второто полувреме на пресметката против Силекс на стартот од пролетниот дел од сезоната.

Шкупи на крајот стигна до 2-2 на гостувањето против Силекс, иако имаше и негатива од 2-0 по првото полувреме.

„Мора да кажам дека секој прв натпревар по пауза е тежок за тимот. Знаевме дека ќе биде тежок дуел во Кратово. Но, мора да бидеме задоволни што покажавме карактер во второто полувреме и успеавме негативата од 2-0 да ја анулираме. Дури имавме шанса и за целосен пресврт и победа. Сепак, сега на неделниот меч против Победа на Чаир мора да корегираме одредени недостатоци покажани во играта и секако да стигнеме до триумф“ – вели Бајрами.

Се вчитува...