Бакајоко се враќа во Челси

Францускиот интернационалец Тиму Бакајоко ова лето ќе се врати во Челси. Тој играше на позајмица во Милан, но италијанскиот калчолигаш нема да ја активира клаузулата за откупување на неговиот договор. Играчот за врска ќе биде добредојден на „Стемфорд бриџ“, со оглед дека клубот има забрана за трансфери од ФИФА во претстојните два преодни рока и единствено може да врати свои фудбалери од позајмица во тимот.

„Тиму нема да остане во Милан. Има и други заинтересирани клубови за неговите услуги, но приоритет е враќањето во Челси“, изјави неговиот брат и агент, Абдулаи Бакајоко.

Милан требаше да плати 35 милиони евра за комплетно да го откупи договорот на францускиот фудбалер.

Се вчитува...