Бакајоко во Наполи, Киеза го засили Јувентус, Смолинг повторно во Рома, Калјехон во дресот на Фиорентина

Преодниот рок во Италија заврши. Крис Смолинг се врати во Рома, но се чека Серија А да ја потврди регистрацијата на трансферот и да уважи дали Манчестер Јунајтед и италијанскиот клуб навреме ги пополниле сите документи.

Федерико Киеза дојде во Јувентус и го засили нападот на актуелниот шампион, а ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона. Фиорентина доби 10 милиони евра за двегодишна позајмица, а ако целосно биде откупен договорот ќе заработи уште 40 милиони евра. Фиорнтина успеа да го доведе и шпанскиот интернационалец Хозе Калјехон кој досега беше играч на Наполи.

Во Неапол како позајмен фудбалер пристигна Тиму Бакајоко од Челси и ќе биде соиграч на Елиф Елмас, а Жерар Делофеу замина кај Илија Несторовски во Удинезе.

Се вчитува...