Бакари Сања потпиша за Беневенто

Францускиот интернационалец Бакари Сања одлучи да потпише за последнопласираниот тим во Серија А, Беневенто. Тој беше слободен агент, па се согласи до крајот на сезоната да го носи дресот на Беневенто и да му помогне во битката за опстанок.

Поранешниот бек на Манчестер сити ќе наполни 35 години, но и понатаму не се откажува од активно играње фудбал. Претходно настапуваше цела деценија за Арсенал, а почетоците во фудбалот ги имаше во Оксер.

Се вчитува...