Балардини: Пандев е пример за сите, „наполитанците“ се смееја кога му го поништија голот

Горан Пандев повторно му даде гол на „својот Наполи“, но судиите по прегледување на ВАР-снимките решија да го поништат погодокот на Македонецот поради наводен прекршок врз голманот Мерет.

Тренерот Балардини веднаш по мечот го прокоментира овој случај, воедно упатувајќи комплименти на адреса на македонскиот ветеран.

„Што да се каже за голот на Пандев. Кога судијата реши да му го поништи, фудбалерите на Наполи се смееја бидејќи знаеја дека добиле подарок. Ние сме оштетени, но ова е фудбал, можат да се случат и судиски грешки. Пандев? Тој е „најмладиот“ што го имаме. Горан е пример за сите останати“, изјави стратегот на Џенова.

Се вчитува...