Бали Саити: Срамота… МКФ да ни кажеше, барем да не се мачиме да доаѓаме во Гевгелија

Не стивнува револтот во таборот на Гостивар по поразот од Блокотехна во полуфиналето од Купот на Македонија. Преку социјалните мрежи се огласи и тим-менаџерот на клубот, Бали Саити кој уште еднаш го потенцира срамното судење, издвојувајќи ги судиите како главни виновници за нивната елиминација.

„Сакам јавно да изразам благодарност и едно големо браво за тимот на КК Гостивар. Дечки, се боревте лавовски. Срцето го оставивте на терен. И едно да запомните: Единствени победници денеска бевте вие. За другото, МКФ подобро ќе беше да кажеше дека се е испланирано, барем да не се мачевме да доаѓаме до Гевгелија и да се бориме за на крај да бидеме обесправени“ – пишува Саити.

Се вчитува...