Навивачката група на Шкендија, Балисти се огласи по повод соопштението на првиот човек на тетовскиот клуб Лазим Дестани кој е незадоволен од казната која ја доби од ФФМ и вели дека ќе се повлече од клубот.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на Балисти.
„Поддршка за нашиот клуб од срцето – Шкендија Навивачката група „Балисти“ со големо внимание ја следи ситуацијата поврзана со последните случувања во односите со Фудбалската федерација, која на скандалозен и неправеден начин го казни нашиот клуб Шкендија. Ако ги споредиме казните за исти настани кај други клубови, оваа последна казна е скандалозна, непромислена и намерна. Како пример може да ја земеме казната на Силекс за употреба на пиротехнички средства од 5.000 евра, додека Шкендија беше казнета со 15.000 евра.
Во целата оваа турбуленција, бараме од историскиот сопственик, г. Лазим Дестани, да не се повлечеме од натпреварувањето, бидејќи токму тоа е главната цел на непријателите и злонамерниците.
Сите заедно – клубот, навивачите и спонзорите – да ја надминеме оваа ситуација и да се вратиме посилни од кога било. Подготвени сме да понудиме секаков вид помош за нашиот клуб. Време е да изградиме тим трипати посилен од противниците“, стои во соопштението на Балисти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
