„Балисти“ ќе навиваат за Косово на дуелот против Македонија?!

Навивачката група на македонскиот првак Шкендија, „Балисти“, наводно ќе навива за репрезентацијата на Косово, а против Македонија, на мечот од плејофот во Лигата на нации што ќе се одигра во Скопје на 26.март. Според косовските медиуми, тие дале согласност да им дадат поддршка на косовските репрезентативци во полуфиналната пресметка за пласман на Европското првенство.

За разлика од нив, навивачката група на Шкупи, „Шверцери“, одби ваква соработка и одлучи секој навивач самостојно да одлучи која селекција ќе ја поддржува.

 

Се вчитува...