„Балкан-бојс“ во НБА „меурот“ – Ако ни е последна вечер, само ракија е изборот

Фотографијата од „Балкан-бојс“ од НБА „меурот“ го обиколи целиот свет. Многу медиуми пренесуваа дека доколку останеше Југославија, оваа репрезентација би можела да го победи и американскиот „дрим-тим“. Орландо се погоди на момците од овие простори бидејќи за првпат сите беа на едно место и можеа да се дружат меѓу натпреварите. Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Никола Вучевиќ, Горан Драгиќ, Бобан Марјановиќ, Марио Хезоња, Јусуф Нуркиќ, Ивица Зубац и Влатко Чанчар имале ноќ за паметење.

„Тоа беше луда ноќ за паметење. Полна емоции, не знаев како ќе влијае на нас следното утро. Не знаевме дали тоа ќе ни биде последна ноќ заедно, па затоа одлучивме да се забавуваме. Јас сум повеќе за пиво. Боби и Јокиќ и Вучевиќ се многу посилни мажи од мене, тие се секогаш за ракија“, изјави Хрватот Зубац. 

Драгиќ од американските новинари беше потсетен за војната која го зафати Балканот во 90-тите години на минатиот век, на што „ѕвездата на Мајами имаше одличен одговор.

„Мислам дека фотографијата кажува многу. Одлично е да се видат сите нации и религии заедно. Тоа што било, било. Никој од нас не го сакаше тоа“, истакна Драгиќ. 

Околу легендарната забава говореше и Ивица Зубац кој вели дека сите кошаркари од нашите просотори ги смета за браќа.

„Кога си затворен некаде далеку од дома, а имаш луѓе кои говорат ист јазик како тебе, многу е полесно. Јокиќ и Боби се најсмешните луѓе. Цело време нешто си префрлаат. Се смеевме цела вечер. Боби кога ќе ја заврши кариерата сто посто оди на телевизија“, додаде Ивица Зубац. 

Се вчитува...