Балкани доби забрана да игра Европа во Приштина

Поради тоа што теренот на стадионот „Фадил Вокри“ во Приштина е во лоша состојба, косовскиот тим Балкани ќе игра на друг терен против Викторија Плзен во 5. коло во Лигата на Конференции.

УЕФА донесе ваква одлука после натпреварот Косово – Израел, каде што теренот беше катастрофален, па така му наложи на косовскиот шампион да бара друг терен да го игра овој натпревар.

Раководството на Балкани веднаш реагираше, и мечот ќе биде одигран во Тирана, на стадионот „Ер Албанија“ кој е изграден 2019 година и прима 22 илјади гледачи. На него домашните мечеви ги игра албанската репрезентација, која пред неколку дена прослави пласман на ЕВРО 2024.

Се вчитува...