Балканска фудбалска војна на повидок: Црвена Звезда против Динамо во битка за групите на ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски би можеле да бидат дел од „балканската фудбалска војна“ доколку Динамо Загреб и Црвена Звезда ги минат своите ривали во следната квалификациска рунда за ЛШ, па овие два екс-ју гиганти ќе играат еден против друг во последното квалификациско коло пред групната фаза од елитното европско натпреварување.

Динамо во следното коло ќе се сретне со Легија Варшава, додека „црвено-белите“ за ривал ќе го имаат Шериф, а доколку бидат елиминирани овие ривали, ќе може да се проследат две мега-пресметки меѓу тимови кои со децении развиваа огромно ривалство додека беа дел од Првата лига на СФРЈ. Воедно, токму дуелот меѓу Динамо и Црвена Звезда одигран пред повеќе од 30 години на „Максимир“ и прекинот на оваа средба според многумина значи и „почеток на крајот на Југославија како држава“.

Првиот меч би се играл во Белград на 17 август, а реваншот седум дена подоцна во Загреб.

Се вчитува...