Балканска журка во Мелбурн: Српско коло и македонско знаме секогаш е добра комбинација (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ продолжува со убедливи партии на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен. Србинот се пласираше во полуфиналето на турнирот во Мелбурн откако во последното четвртфинале со максимални 3-0, по сетови 6-1, 6-2 и 6-4 славеше над Русинот, Андреј Рубљов.

Буквално Ѓоковиќ има поддршка од сите земји од поранешна Југославија во Мелбурн, а свои фанови има и од Македонија. Македонското знаме се развиори во Мелбурн парк, додека Србите играа „коло“.

 

 

Се вчитува...