Балкански менталитет – Ѓоковиќ: Ги препознавам моите особини во Ибрахимовиќ

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ во интервју за италијанската „Газета“ говореше на повеќе теми, а една од нив беше и Златан Ибрахимовиќ со кој српскиот тенисер вели дека има одличен однос.

Покрај тоа се спореди себе си со Швеѓанецот кој има балканско потекло, а како што вели особините кои ги негуваат двајцата се симбол на балканскиот менталитет.

„Ми се допаѓа неговата филозофија – колку сум постар толку помладо се осеќам. Ибрахимовиќ е симбол на балканскиот менталитет. Никогаш не се откажува и има многу самодоверба. И јас се препознавам во него. Има менталитет на шампион кој ги почитува дургите, но излегува на терен со свест за своите квалитети кои произлегуваат од неговите работни навики“, изјави Ѓоковиќ.

Се вчитува...