Балканските манири на Конте – за своите „киксови“ им се налути на новинарите

Антонио Конте можеби е врвен тренер, но треба да поработи на своето однесување, пред се кога резултатите на неговиот тим не се онакви какви што посакуваат навивачите и управата. Интер втора година по ред не се пласира во нокаут-фазата од Лигата на Шампионите, а по вчерашното реми со Шахтјор стратегот на „нероаѕурите“ реши бесот да го истури врз – новинарите.

Тој се појави нервозен на прес-конференцијата, по што веднаш влезе во конфликт со претставниците на „седмата сила“.

„Можете да имате свое мислење, иако јас не се согласувам со него. Сепак, сакам добро да размислите пред да ме прашате глупави прашања“, им се обрати Конте на новинарите.

Очекувано, по ваквиот конфликт следеше одговор од претставниците на медиумите, кои го потенцираа токму тренерот како главен виновник за новото европско фијаско на Интер.

Притоа, потсетија на очајните бројки на Конте во ЛШ, со оглед на фактот дека како тренер на квалитетни тимови како Челси и Интер има добиено само три од последните 15 средби во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...