Балканските желби на Мурињо не поминуваат кај управата на Јунајтед

Управата на Манчестер Јунајтед смета дека идеите на Жозе Мурињо за купување играчи од балканските простори би можело да биде ризичен потег.

Португалецот е фокусиран да доведе засилување во јануарскиот преоден рок и дел од желбите му се Анте Ребиќ, Иван Перишиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и пред се Никола Миленковиќ кого наводно и беше да го гледа на дуелот меѓу репрезентациите на Србија и на Црна Гора во Лигата на нации во Подгорица.

Дел од овие играчи, Мурињо се обидуваше да ги доведе на „Олд трафорд“ и изминатото лето, но се соочи со пречките од извршнииот потпреседател, Ед вудворд. И за во јануари, менаџерот на „Црвените ѓаволи“ ќе го има истиот проблем.

За да купи нови играчи ќе мора да продаде дел од оние што не му требаат, мисија која многу тешко ја остварува. Јунајтед пак, традиционално не прави големи трансфери во јануарскиот преоден рок.

 

 

Се вчитува...