Балотели: Јас кога играм секогаш давам максимум за Вардар

Вардар во рамките на  25. коло од Првата лига утре од 16 часот гостува на Ренова во Тетово. „Црвено-црните“ посакуваат продолжување на победничката серија која трае три натпревари без примен гол, со интенција за задржување и зголемување на бодовната предност во однос на Шкендија.

Напаѓачот на Вардар, Бразилецот Џонатан Боарето Дос Реис – Балотели, очекува нов триумф на Вардар….

„Моите очекувања се да се прикажеме во најдобро издание. Јас кога играм секогаш давам максимум во дресот на Вардар. Утре не очекува нов натпревар, но ние на секој одиме на победа, така ќе биде и против утрешниот противник. Влегуваме на теренот со само една желба, а тоа е да дадеме се од себе и да победиме без разлика на противникот. На првите два меча Ренова се покажа како незгоден тим, меѓутоа реков нашата цел е само победа за да ја задржиме предноста на табелата“ – вели Балотели за официјалната интернет страница на Вардар.

Се вчитува...