Балотели направи нов хаос во францускиот фудбал

Премногу долго Марио Балотели делуваше смирено, но во секој случај не е изненадување што „лошето момче“ повторно се најде во центарот на вниманието со своето непрофесионално однесување. Имено, Балотели е решен да си замине од Ница и да се пресели во Олимпик, па веќе заминал во Марсеј на лекарски прегледи.

Проблемот е во тоа што „Супер Марио“ не го известил својот актуелен клуб, па откако воопшто не се појави на првиот ден на подготовките на Ница, сега дополнителни ги налути челниците на овој француски прволигаш.

„Балотели ќе потпише за Марсеј? Како ќе го стори тоа кога мора претходно да го раскине договорот со нас“ – порачуваат од раководството на Ница.

Наводно, голгетерот се повикува на џентлменскиот договор од лани, кога пред продолжувањето на соработката тој добил гаранција дека летово ќе може да си замине за сума од десет милиони евра. Ситуацијата се промени откако Балотели почна со непрофесионално однесување, не дојде на првиот ден од подготовките и оттогаш не се појавил во градот.

Останува да се види каква разврска ќе има оваа ситуација, но јасно е, кога е Балотели во прашање, не може да се очекува работите да имаат нормален тек.

Се вчитува...